ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО и Алијанса/Алтернатива – можна коалиција и покрај различните позиции

Дали предизборното коалицирање за престојните локални избори помеѓу опозиционите партии може да ја загрози пресудата за „организатори на 27 – ми април“. ВМРО – ДПМНЕ и Алијанса на Албанците со две дијаметрално спротивни гледишта на одлуката, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владмир Атанасовски да бидат прогласен за виновни. За ВМРО – ДПМНЕ тие се невини. За Алијанса на Албанците, затворските казни под законскиот минимум се доказ за релацијата помеѓу власта и македонската опозиција. Прашавме во двете партии, дали различните ставови по основ на крвавиот 27 – ми април, може да биде сопка за коалиција.

„Секој оној кој има чесна намера и секој оној кој што мисли дека оваа власт ја води Македонија во пропаст е добродојден. СДСМ и ДУИ водат погрешни политики на штета на мнозинството граѓани, на штета на државата, па сите партии кои го споделуваат ова чувство се добродојдени во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ и ВМРО – ДПМНЕ е подготвена со сите да разговара за коалиција уште пред одржување на првиот круг на локалните избори“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Алијанса за Албанците посочи дека со ВМРО – ДПМНЕ имаат различни ставови по многу прашања. Соработката ќе зависи и од други работи.

„Случајот 27 април го водеше Судот. Кога се случи 27 април дел од владата беше и ДУИ и трето имаме различни ставови и по други прашања. Нашата можна коалција со други партии ќе биде на основа на програми а не на толкување на судски случаи“, изјавуваат од Алијанса на Албанците.

Партиите веќе со месеци подготвуваат терен за предизборна коалиција. Владеачките СДСМ и ДУИ потврдија заеднички настап а меѓусебна поддршка за трката на градоначалници и советници ќе има уште во првиот круг. Дел од коалицијата на Заев се и БЕСА и ДПА.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button