МАКЕДОНИЈА

Лидерите на ЕСП ги продолжуваат средбите со високи претставници во Вашингтон

Лидерите на Европскиот сојуз за промени ги продолжуваат средбите со високи американски претставници во Вашингтон. Во текот на денот, домаќин на Гаши, Касами и Меџити беше конгресменот Џим Химс, копретседател на Претставничкиот дом на САД и дел од парламентарната група за албански прашања.

Advertisements

Од ЕСП соопштуваат дека на средбата била истакната улогата на САД во одржувањето на мирот и стабилноста на земјата. Лидерите на Сојузот со конгресменот Хајмс го споделиле ставот дека е  потребна понатамошна демократизација на земјата како и за виталното значење на интеграцијата во ЕУ како единствена алтернатива за регионот.

„На конгресменот Химс му беше укажана загриженоста за опасните димензии на корупцијата во Северна Македонија, проблем кој се претвора во главна пречка за отворање на земјата кон интеграција во европското семејство, што се докажува и со вклучувањето на црната листа на експоненти од политичкиот живот на Северна Македонија“, се наведува во соопштението на Европскиот сојуз за промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button