ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лифтовите во „8 Септември“ расипани, пациентите со КОВИД се возат во лифтот од КУЈНАТА!

Во болницата „8 Септември“ некои од лифтовите не се во функција. Во 8-катната зграда, на одделенијата со 6 лифтови, функционира само оној на кујната. Пациентите се жалат дека мораат да се качуваат по скалите за да се лекуваат, дури и оние кои имаат проблеми со одењето. Како медицинскиот персонал, така и пациентите, го користат лифтот што носи храна од кујната до сите болнички одделенија.

Персоналот кој го контактиравме ни кажа дека оваа ситуација трае веќе три месеци и оти ризикот од пренесување на инфекцијата е многу висок. Дознавме дека дури и пациентите заразени со корона вирусот се пренесуваат преку овој лифт каде што се носи и храна за сите пациенти со други болести.

Чуварите на болницата вршеа притисок цело време, па дури и на лекарите не им беше дозволено да зборуваат. Пациентите пак, кои ни зборуваа немаа добри зборови за состојбата.

„Жена ми е тука, правилата не се како што ги кажуваат. Точно е дека лифтовите не функционираат, но другите медицински служби се во ред…“, реагираат роднини на пациентите.

Од управата на болницата не беа достапни за да ни објаснат зошто лифтовите не работат со месеци. Неофицијално дознавме дека по медиумскиот интерес, почнале да се преземаат мерки за поправка на расипаните лифтови, но и понатаму не се знае кога ќе проработат.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button