ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лимани најавува изградба на 25 нови градинки

Министерот за социјална политика Фатмир Лимани најави изградба на 25 нови градинки годинава. Но, не откри каде ќе се отворат овие градинки ниту пак колку средства се планирани за оваа намена. Според Лимани, општините кои имаат потреба од градинки имаа можност да аплицираат со проект.

„Конкурсот беше отворен за пријавување до пред една недела и е затворен. Сите општини кои имаа потреба се пријавија и сега отвораме понуди да видиме кои општини со кој проект аплицирале“, рече Лимани.

Новинар: Колку пари има одвоено вашето Министерство за изградба на овие 25 градинки?

„Издвоени се пари и од Светска банка и сопствени средства на министерството, така што приближно една градинка чини до еден милион евра, што вкупно е доволно за 25 градинки. „Мислам дека секоја општина која е заинтересирана за проект за градинка има отворени врати кон министерството“, додава Лимани.

Новинар: Дали сакате да кажете дека Министерството издвоило над 16 милиони евра буџет за изградба на 25 јасли?

„Тоа значи дека тие ќе се отворат и нема да се затворат во 2025 година. Важно е да се има буџетски план за почеток на проектот, па следната година доколку недостигаат средства ќе ги дополниме со ребаланс“, рече Лимани.

Лимани денеска присуствуваше на отворањето на новата градинка во Тетово, каде присуствуваше и евроамбасадорот Рокас. Најголемиот дел од средсвтавата без обезбедени од Светска банка, а само сто илјада евра од буџетот. Министерот Лимани рече дека статусот на вработените во градинките е веќе решен и дека нема повеќе вработени со договори. Но, за разлика од тврдењата на министерот, според директорот на тетовските градинки, 6 лица се уште работат со договори.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button