ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Линдсбергис: Почеток на преговори со С Македонија и Албанија пред крајот на француското претседавање

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Линдсбергис, на заедничката прес конференција со неговиот македонски домаќин, Бујар Османи, порача дека почетокот на преговорите со ЕУ за Македонија и Албанија треба да започнат пред крајот на француското претседавање со Унијата.
„Сега е времето да се направи пробив, без дополнителни одлагања, меѓувладината конференција со Северна Македонија и со Албанија мора да се одржи пред крајот на француското претседателство со ЕУ. Се работи за кредибилитетот на ЕУ и одржување на ветувањата за политика на отворени врати дадени пред неколку децении“, рече Линдсбергис.