ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Линдсбергис кажа што мисли за можно одвојување на Албанија во евроинтеграцискиот процес

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Линдсбергис, на заедничката прес конференција со неговиот македонски домаќин, Бујар Османи, рече дека не би сакал да види одвојување на Македонија и Албанија во евроинтеграцискиот процес, оценувајќи дека сите инструменти за тоа сѐ уште не се исцрпени.

„Разбирам дека тоа би можело да е единствен начин ако процесот се одолговлечи подолго време, но не би сакал тоа да се случи. Мислам дека сѐ уште не се употребени сите инструменти што би го спречиле тоа и што ќе овозможат двете земји, колку што е можно поскоро, да се придвижат напред“, рече Линдсбергис.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button