ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Ако има прифатлив предлог за решение со Бугарија ќе бидат информирани медиумите и пратениците

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, повтори дека останува на искажаниот став дека во случај на взаемно-прифатлив договор со Бугарија, за тоа ќе ги информира јавноста и пратениците.

„Во моментот кога ќе имаме документ, којшто ќе биде прифатлив за двете страни, пред да се даде одобрување од наша страна, ние прво ќе го информираме Собранието и медиумите. Преговарачката рамка треба да ја одобри Собранието, но останатите билатерални прашања, останувам на тоа, дека ќе бидат информирани пратениците, дали на пленарна, дали на Комисија за надворешна политика“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button