МАКЕДОНИЈА

Лицитација за дел од имотот на Мијалков

Дел од запленетиот имот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков оди на лицитација. Огласот е објавен на страницата на Агенцијата за управување со одземен имот и трае 15 дена, а рокот за поднесување на пријавите е до 23 август. Лицитацијата ќе се спроведе на 25-ти месецов по електронски пат. На наддавање ќе бидат понудени два стана во Охрид, плац на Кожуф и земјиште во Морани, Општина Студеничани кај Скопје. Вкупната вредност на недвижниот имот одземен од Мијалков во случајот „Империја“ за кој ќе се лицитира е нешто повеќе од 500 илјади евра. Вредноста на вкупниот запленет имот на Сашо Мијалков е околу 14 милиони. Имотот му беше одземен откако тој призна вина, а му беше одредена и пониска затворска казна. Одземени му се и акции, кои според најавите, исто така ќе се најдат на лицитација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button