ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Локални избори на 31 октомври – предлог за кој треба да се изјаснат партиите

Предлогот е на 31 октомври да се одржат локалните избори, за да не се совпадне кампањата со Пописот. Сите политички партии треба да се изјаснат и ако се согласат, тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, овие денови се разговара, се подготвува законско решение кое, меѓу другото, предвидува и градоначалниците и советите ги извршуваат функциите до изборот на новите.

Заев информираше дека во однос на отворените листи, постигнат е договор со поголемите партии.

– Министерот Маричиќ ќе ги каже деталите. Меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса и Алтернатива има договор. Сега уште со малите партии. Не е тоа официјализирано зашто ќе биде официјално кога барателите, а тоа се малите политички партии, ќе бидат задоволни со ваквото унапредување на демократските модели. Се работи за отворени листи каде ќе се гласа – има една преференца. Предлогот е да има најмалку праг од три проценти. Кога би биле 16.000 избирачи, три отсто е околу 500. Тогаш, таа преференца ќе го качува кандидатот погоре на листата. Малите партии имаат резерва, викаат – ќе видиме дали е тоа фер и правично за нас. Сепак се помали, нивните гласови се дисперзирани, објасни Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button