ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Локални избори“ – Тодоровска: Жените во политиката сѐ уште во сенка на машките колеги

Жените коишто се дел од политиката во земјава имаат самодоверба, но тие сѐ уште се под капата на машките колеги, вели во изјава за алсат.мк, Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност. Запрашана за коментар во врска со застапеноста на жените на кандидатските листи за локалните избори, Тодоровска вели:

„Следејќи ги кандидатурите од политичките партии ние сме крајно незадоволни. Во последниве години иако жените од политичките партии работат самостојно во своите секции, сами држат семинари и работилници, оваа состојба покажува дека тие не се доволно силни и сѐ уште се под капата на лидерите, односно на нивните структури, на колегите, бидејќи се конкуренција за машката популација“, вели Тодоровска.

Таа додава дека иако квотите за градоначалнички места немаат законска рамка за застапеност на женската популација, Националниот совет за родова рамноправност испратил писмо до политичките партии во земјава во кое побарале најмалку 30% од предложените кандидати да бидат жени. Како што ни рече Тодоровска, одговор на писмото не добиле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button