ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Локалното население и еколозите задоволни по прогласувањто на Шара за национален парк

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк, мештаните и еколозите го дочекаа со одобрување. Од Македонското еколошко здружение велат дека сега е потребно е да се изготви план за управување со заштитното подрачје, и да се означат посебните зони за заштита на паркот, за да се знае во која зона што е дозволено или забрането.

„Мислам дека треба сите да си честитаме дека имаме нов национален парк и одговорноста останува буквално на сите, да ја штитиме, да ја сакаме и да ги одржуваме природните ресурси на Шар Планина како национален парк“, рече Фросина Пандурска – Драмиќанин, Македонско еколошко друштво.

Сепак, заканите врз природата на Шара остануваат. Малите хидроцентрали, дивата сеча, ловот, но и градежната експанзија на планината е нешто што ќе мора да го контролира идното претпријатие кое треба да се формира за три месеци. Тоа ќе треба да ги мониторира хидроцентралите за да нема нарушување на реките. Власта најави евентуална спогодба за отстранување на постоечките хидроцентали, а нови договори за концесии за хидроцентрали нема да се склучуваат.

„Се работи за илегални активности и се работи за менување на свеста, како од подрачје коешто досега се користи безусловно и на многу неодржлив начин да се премине кон заштита и одржливо користење на природните ресурси. Тоа е прашање кое буквално ќе биде обврска на сите кои ќе сакаат да придонесат на Шара да биде заштитена, од Националниот парк, до општините, до локалното население, до посетителите и туристите“, додава Пандурска – Драмиќанин.

Мештаните велат дека порано требало да се прогласи планината за национален парк, а сега очекуваат придобивки за развој на туризмот, сточарството…

„Многу е добро, бидејќи имаше недостиг да се чува оваа шума, планина бидејќи има големи вредности. Се радувам што се прогласи. Тука се природно“…

„Се разбира дека ќе се зголеми цената на тие производи, уште повеќе ќе се ангажираат селата од овој предел, но треба да се помогнат. Државата треба да помогне, тоа го очекуваме“…

“Позитивно е бидејќи ќе се одржува Шар Планина како сите други национални паркови. Мислам дека ќе се развие и туризмот. Ќе има нови инвестиции“, рекоа од локалното население“, рекоа локалните жители.

Шар Планина е четвртиот национален парк прогласен во земјава, во кој влегуваат 30 села односно површина од над 60 000 хектари.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button