МАКЕДОНИЈА

Непридржување до мерките го зголемува бројот на хоспитализираните корона пациенти во Тетово

Неделава бројот на хоспитализирани лица пациенти поради Ковид 19, стигна двоцифрена бројка. До денеска на пладне 11 луѓе поради тешки клиничка слика се лекуваат на инфективното одделение во Тетово.

– На инфективно одделение моментално има хоспитализирани 11 пациенти со тешка клиничка слика и со кислодордна поддршка. Пациенти кои се дојдени во крајна фаза, претходно лекувани кај матични лекари и кога се дојдени тука, се дојдени во тешка состојба. Веднаш е пристапено е кон терапија и кислородна поддршка.  Тие се од различни возрасни групи, меѓутоа доминираат млади и имаме пациенти од 30 до 40 години и меѓу 50 и 60, а најстарите се 70 годишни. Правиме сѐ што е во наша моќ, се што треба е дадено, се надеваме дека ќе се избориме со нивната болест, сепак времето ќе покаже, изјави денеска д-р Фанка Дјуженко, инфектолог во Инфективното одделение во Тетово.

Таа смета дека нема доследно почитување на препораките и мерките, па затоа драстично е порасната бројката на хоспитализирани во тетовската клиничка болница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button