СПОРТФУДБАЛ

Лоша вест за Дидие Дешамп, повреден првиот голам на Франција

Италијанскиот фудбалски гигант, Милан, ја информираше јавноста дека нивниот голман Мајк Мењан заработил повреда на бутниот мускул и уште не е познато колку ќе отсуствува од терените.

„Росонерите“ објавија дека францускиот репрезентативен чувар на мрежата заминал на магнетна резонанца, а повредата за него доаѓа во најлош момент, на само шест недели пред почетокот на Европското првенство во Германија.

Селекторот Дидие Дешамп мора да го соопшти конечниот список на фудбалери најдоцна до 16 мај, па останува да видиме дали на него ќе се најде и името на Мењан. „Триколорите“ својот настап го започнуваат со натпреварот против Австрија, кој е закажан за 17 јуни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button