СПОРТФУДБАЛ

Луис Енрике, со 7 играчи од Барселона, без Серхио Рамос

Луис Енрике, ги претстави своите 26 избраници за големиот настан кој ќе започне на 20 ноември. Амбициите на Иберијците се максимални со оглед на тоа што еднаш го освоија ова натпреварување, но и два пати на Европското првенство. Генерација на таленти во комбинација со искуство е гаранција за успехот на шпанската репрезентација.

Очигледно Луис Енрике останува навивач на Каталонците, бидејќи на оваа листа стави седум играчи на Барселона: Ерик Гарсија, Жорди Алба, Бускетс, Педри, Гави, Феран Торес и Ансу Фати. Забележливо е отсуството на Серхио Рамос кој се надеваше на учество на Мундијалот во Катар и поради тоа што оваа сезона за разлика од претходното издание настапуваше за ПСЖ.

Тренерот Луис Енрике го објасни својот избор.

„Тоа ќе биде тимот што го гледавме низ годините. Ова е тимот на Луис Енрике. Нема да умреме од страв, не можам да гарантирам дека ќе одиграме седум натпревари во Катар. Се надевам дека е така, но нема дилема што ќе видиме, да доминираме во играта, да извршиме притисок врз ривалот, да се обидеме да создадеме шанси за гол… Ако ова е доволно за да се постигне резултат, ништо не може да се предвиде“.

 

Присуството на Пино и Ансу Фати, како и отсуството на Серхио Рамос, Каналес и Аспас.

 

„Имам правило да зборувам за отсуствата, бидејќи тоа е она што буди поголема љубопитност. Ова им се случува на сите тренери. Сите оние кои придонесоа за мојот период имаат моја благодарност, но најважни се овие 26 имиња. До синоќа се сомневав во нападот. Има изоставени играчи кои би можеле совршено да се вклопат на оваа листа. Имам неверојатен список. Има играчи кои заслужија да бидат таму, но чувството на комплетност што го имаме како кадар кога го чекаме Светското првенство, со овие 26 играчи е тотално. Успеавме да создадеме повеќе од селекција, тим. Убедени сме дека ќе се претставиме многу добро во Катар,“ рече Енрике.

 

Еве ја листата на Шпанија:

Голмани: Унаи Симон, Роберт Санчез, Давид Раја.

 

Дефанзивци: Дани Карвахал, Сезар Аспиликуета, Ерик Гарсија, Уго Гиламон, Пау Торес, Ајмерих Лапорте, Жорди Алба, Хозе Луис Гаја

 

Играчи од средниот ред: Серхио Бускетс, Родриго Ернандез Родри, Пабло Паес Гавира Гави, Карлос Солер, Маркос Љоренте, Педри Гонзалес, Коке Ресурексион.

 

Напаѓачи: Феран Торес, Нико Вилијамс, Џереми Пино, Алваро Мората, Марко Асенсио, Пабло Сарабија, Дани Олмо, Ансу Фати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button