СПОРТФОРМУЛА - 1

Луис Хамилтон: Би сакал да освоиме барем една титула

Луис Хамилтон официјално ќе го напушти тимот на Мерцедес по истекот на следната сезона во Формула 1 и од 2025 година ќе биде нов возач на Ферари. Седумкратниот светски шампион најави дека со сета енергија ќе се посвети на успех со актуелниот тим и посакува последната авантура да биде крунисана со барем една шампионска титула.

Хамилтон вели дека ќе биде среќен ако Мерцедес оствари добар резултат во конкуренцијата кај конструкторите, а се осврна и на шансите за симнување од тронот на актуелниот шампион, Макс Верстапен.

„Оваа сезона ќе биде измешана со многу емоции. Знам дека ова е последна авантура во Мерцедес и сакам со голем успех да го завршам мојот престој тука. Би сакал да освоиме барем една титула, ако не во индивидуалната категорија, барем кај конструкторите. Во овој тим работат прекрасни луѓе и механичари со огромно искуство, тие ги заслужуваат сите пофалби.

Ферари е сосема друга приказна. Знам дека сите ве интересира тоа, но во моментов јас сум уште возач на Мерцедес. Кога ќе заврши оваа сезона, тогаш ќе дискутираме за темите поврзани со мојот нов тим. Имаме цел и таа е јасна за сите, а дали некој ќе успее да го симне од тронот Верстапен, останува да видиме“, изјави Хамилтон.

 

Славниот британски возач е дел од Мерцедес веќе шеснаесет години и во болидот на германскиот тим стигна до 103 победи и вкупно 197 подиуми, а воедно е еден од двајцата возачи со рекордни седум титули, заедно со легендарниот Михаел Шумахер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button