ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска- Во моментов се прави анализа од спроведените контроли во маркетите

Фискалните каси кај дел од трговците не биле поднесени со нула ДДВ

Контролите во големите ланци на маркети произлегоа од жалби на граѓани до УЈП. Управата спроведе контроли кај помали продавници, месари, ресторани односно кај различни категории на трговци вели директорката на УЈП Сања Лукаревска.

„Во моментов ја анализираме целата документација којашто ја добивме при извршениот попис во неколку ланци на маркети и би требало за извесно, побрзо време да информираме за се она која што го утврдивме. Контролата кај големите маркети пред се произлезе од претходни добиени претставки и претходно спроведени контроли на терен дали се почитува одлуката на Владата и измените во законот за данокот на дадена вредност. Она која што беше утврдено во различни градови а кај исти подружници од соодветни маркети, имаме утврдено дека сеуште на фискалните сметки стоеше 5 % за оние производи за кои што требаше да стои 0% ДДВ. Граѓаните алармираа и секако дека ние постапивме на терен. Тие неправилности наша работна обврска е да ги анулираме на лице место. И затоа направивме и толкав голем број на контроли, не само во големите маркети туку и правевме контроли и во месарите и во млечните ресторани и така натаму, значи беа опфатени различни целни групи на даночни обврзници за да видиме колку всушност се почитува одлуката“, изјави Санја Лукаревска, директорка на УЈП./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button