МАКЕДОНИЈА

Лупевска: Политичарите виновни за расипување на соживотот во земјава

Помирувањето предвидено со постоењето на рамковниот договор се случи, но политичарите го расипуваат соживотот во земјава, оценува новинарката Снежана Лупевска Созен, во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат. Како што додаде таа, политичките лидери, без разлика од која партија доаѓаат, се тие коишто треба на младите да им нагласат на грешките на претходните генерации коишто не треба да бидат повторени. Коментирајќи го говорот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Липково, таа рече:

„Многу сум разочарана што младите не добиваат такви пораки и што уште некоја политичка партија се вози на минатото и сѐ уште мисли дека ќе добива гласови на минатото. Конкретно за ДУИ ќе кажам, еден од интересните факти беше дека во изборната кампања Ахмети беше претставен и како човек кој игра ракомет, но беше и безмалку во униформа, со оние стари УЧК наративи. Нека решат, дали ќе се навраќаат во минатото или ќе одат кон ЕУ, со друга агенда“, рече Лупевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button