ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мајмуни и сипаници имаме, но сè уште немаме мајмунски сипаници

Комисијата за заразни болести будно го следи секој случај поврзан со мајмунска сипаница и покрај тоа што во С Македонија сè уште нема ниту еден потврден случај. Портпаролот на КЗБ, Злате Мехмедовиќ, рече дека се загрижени за ширењето на вирусот, но оти нема простор за паника бидејќи тој не е идентичен и пропорционален со сегашната пандемија на Ковид-19. Мехмедовиќ вели дека е констатирано оти здравствениот систем треба да се подготви за потенцијални пациенти додавајќи дека во соработка со СЗО ќе се обезбедат тестови и терапија за овој вид болест.

Во меѓувреме, во однос на корона вирусот, комисијата препорача да се укинат задолжителните ПЦР тестови пред одредени хируршки интервенции. Тие ќе се заменат со брзи антигенски тестови. Секоја јавна здравствена установа веќе има 1.000 антигенски тестови. На денешната седница на КЗБ беше констатирано дека состојбата со Ковид 19 е стабилна и не се потребни дополнителни мерки.

Новинар: Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button