ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Македонија без своја работна сила, доаѓаат работници од странство

Македонија останува без работна сила. Многу граѓани заминуваат во странство да бараат работа, главно во Германија. Но, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за вработување во Тетово, Беким Мурати, велат дека земјава станала оаза за странски работници. Истражувањата со години покажуваат дека компаниите не можат да најдат кадар, па дел од нив, особено турските, почнале да носат кадар од кај нив. Дозвола за работа побарале околу 1.800 лица. Министерот најави дека поради големиот интерес ќе се зголемат квотите за странски работници.

„Сè уште сме речиси во средината на годината, а околу 70 отсто од квотите за странски работници кои се интегрираат во Северна Македонија се речиси искористени. Што значи дека постои значителен интерес од други земји да се вклучат на нашиот пазар на труд, но во исто време интерес има и од нашиот бизнис да најдат работници во странство, иако некаде невработеноста според Агенцијата за статистика е 15 проценти. Тоа е главно Република Турција, но стопанските комори бараат либерализација и поедноставување на процедурите и за другите земји“, рече министерот Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button