СПОРТФУДБАЛ

Македонија без Зајков, Адеми и Димитриевски против Фарските Острови

Македонија со победа ги отвори квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Македонија, синоќа со головите на Елмас и Чурлинов, ја победи Малта во Скопје со 2:1.

Македонија во второто коло во Ц-групата е слободна. Терминот ќе биде искористен за контролен натпревар со Фарските острови. Дуелот ќе се одигра в понедлник во Скопје.

За натпреварот со Фарските острови, селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Ѓоко Зајков, Аријан Адеми и Столе Димитриевски. Исто така во тимот ќе го нема и Дориан Бабунски кој поради повреда не беше во комбинација за дуелот со Малта. Зајков, синоќа беше хоспитализиран, поради потрес на мозокот. Според најновите информации тој се чувствува добро, но поради правилата на ФИФА, ќе мора да паузира една недела.

Адеми, заминува на промоција во новиот клуб, Пекинг Гуан. Тој не настапи против Малта. Голамнот Столе Димитриевски доби дозвола да се врати во Шпанија поради клупски обврски./FFM.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button