ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија и Албанија остануваат во пакет кон членството во ЕУ

Брисел останува решен да започне преговори за членство во Европската Унија истовремено и со С. Македонија и со Албанија, а да не ги раздвојува. Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро ги охрабрува Скопје и Софија да најдат решение за спорот, но не прецизираше дали ЕУ ќе преземе некаква иницијатива во врска со тоа.

„Комисијата очекува да ги одржи првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро. За да се одржат конференциите, Советот треба да се договори за преговарачките рамки. Тоа е во рацете на Советот. Во моментов нема одреден датум за почеток на преговори со која било од земјите. Што се однесува до Северна Македонија и Бугарија, продолжуваме да ги охрабруваме нивните напори да најдат решенија за отворени прашања.“

Од Владата во Скопје велат дека работат со Бугарија за усогласување на унифициран акциски план и како што се истакнува, работата може да започне веднаш за одредени точки како што се инфраструктурата, спортот, образованието и друго.

„Владата останува посветена на дијалогот со бугарската влада и на барањето за заемно прифатливо решение. Подготвени сме да разјасниме одредени дилеми доколку има потреба од тоа, но позициите се јавно познати: За македонскиот идентитет, народот и јазикот нема да има преговори. Во исто време, повикуваме да не запаѓате во кругот на навреди и говор на омраза.

Експертите оценуваат дека „вревата“ на Софија ќе биде замолчена по изборите на пролет, но само ако проблемот остане навистина само на Бугарија. Имено, постои можност зад Софија да стојат Париз и други земји-членки на ЕУ кои се против проширувањето на Унијата, но не сакаат да се експонираат.

Софија, меѓу другото, го условува почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ со откажување од тврдењата за македонското малцинство во Бугарија, со употреба на јазичната формулација според договорот од 2017 година и со усогласување на акциониот план.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button