ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија ќе биде во кризна состојба во наредните 30 дена поради бројни пожари

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба поради ситуацијата со пожарите. Комитетот за управување со кризи заклучи дека ситуацијата со пожаритe и високите температури можат дополнително да ја влошат ситуацијата и справувањето на институциите сo природната катастрофа. Центарот за управување со кризи е посветен на изготвување акциски план, додека од претседателот се бара да го зголеми бројот на војници на терен.

Одлука на Владата за кризната состојба:

  • Од претседателот се бара поголем ангажман на Армијата на Северна Македонија во справувањето со кризната ситуација;
  • Централниот штаб при Центарот за управување со кризи да започне веднаш со подготовка на акциониот план;
  • МВР, Армијата, ЦУК, Дирекцијата за одбрана и спасување, Министерството за здравство и институциите на локалната самоуправа да ги стават во функција сите свои ресурси и капацитети;

Кризната состојба ќе трае до 3 септември. Во случај Владата да оцени дека има потреба, може да се продолжи. Законот за управување со кризи ја обврзува Владата да побара од Собранието прогласување вонредна состојба.

Закон за управување со кризи

„Одлуката за кризна состојба не може да трае повеќе од 30 дена. Ако состојбата на криза продолжи и по 30 дена, Владата е должна да побара од Собранието продолжување на рокот или да предложи прогласување воена состојба или вонредна состојба“.

Во моментов, земјата нема активна кризна состојба на државно ниво поврзана со пандемијата. На регионално ниво, поради бранот емигранти по отворањето на границите, на кризна состојба е граничната област со Грција и северната област на границата со Србија.

Адриан керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button