ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија најлошо рангирана досега според индексот за корупција

Македонија е рангирана на 111 место на листата земји во светот по перцепцијата за корупција. Ова е најлошиот резултат на земјава од 2001 година. Според седумте истражувања во различни категории кои се направени во земјава постојат извесни подобрувања, но највпечатливо е опаѓањето во владеењето на правото, има влошување на состојбите со човековите права и пристапот до информации. Дополнително, ковид кризата се покажа како вистински тест во борбата против корупцијата и судирот на интереси.

„Тие што имаат повисок степен на корупција се помалку способни да се справат со предизвикот. Во државите кои што имаат висок степен на корупција се покажа дека не постојат функционални болници, не постојат функционални здравствени институции, има цели региони кои се без доктори или болници да ги прифатат болните од Ковид“, рече Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешнл Македонија.

Ваквиот поразителен резултат доаѓа во година кога новата влада на СДСМ и ДУИ промовираа вицепремиерска функција токму за борба против корупцијата. Едно од најгласните заложби кои ги ветуваше токму Зоран Заев во предизборието пред четири години беше искоренување на корупцијата.

„Ние не можеме, се уште немаме капацитет да спроведеме ефикасно контрола над нелегалните финансиски текови, која што контрола ќе ни доведе и покаже од каде одат, каде се одлеваат и за каде се наменети финансиските средства“, додава Тасева.

Од 2014 година кога Македонија е рангирана на 64 позиција секоја следна година расте перцепцијата на граѓаните за степенот на корупција во општеството. Најголем пад е забележан во 2017 година, кога од 90-то се земјава паѓа на 107 место, 2020-та паѓаме за пет места. Податоците велат дека земјава е на самото дно не само во регионот, туку и на глобално ниво и се најдовме во друштво со Панама и Монголија, пред нас во опкружувањето се сите, најдобро рангирана е Словенија на 35 место, Грција 59, Хрватска 63, Србија на 94, Албанија и Косово го делат 104-то место. Полоши во Европа од Македонија се само Украина, Молдавија и Русија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button