ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Македонија останува без земјоделци, а на нивите расте пиреј

Македонија сè повеќе ќе се соочува со необработени земјоделски површини, а со тоа и со недостиг на храна од домашно производство. Има и се помалку земјоделци. Младите не се интересираат за оваа стопанска гранка, а најголемиот број од постоечките земјоделци се во поодминати години.

Advertisements

„…Дури сега има некакви пристојни услови да станеш млад фармер. Но, просторот кој се јави од 20-30 години без поддршка, доведе до тоа сега да имаме фармери кои се веќе на крајот на својата фармерска кариера и нови коишто не знаат“, рече Ордан Чукалиев-професор на земјоделски факултет.

Друг проблем се малите расцепкани парцели. Просечната површина во Македонија е само два хектари.

„Ајде да го трансформираме секторот. Немојте да мислиме како да ги натераме младите. Сами ќе дојдат. Дајте да ги смениме условите, да речеме – не е земјоделецот оној кој треба да се мачи, туку земјоделецот е господин човек, кој ќе преземе мерки, кој ќе се насочи кон едно современо производство“, додава Чукалев.

Tешки се условите и за комерцијално стопанисување со животни.

„Многу голем број на фарми се со мал број на животни, со мала површина и не се конкурентни. Можеби им е дополнителен приход, но не им е основен. Ако се потпрат само на тоа, пропаѓаат…“, вели Сречко Ѓорѓиевски-професор на земјоделски факултет.

Но, тука не запираат проблемите. Добар дел од нивите во една најплодните житници во земјава, Пелагонија, остануваат необработени, а полињата со најмногу сонце во Овче Поле, наместо со нови насади, се планира да се полнат со разни капацитети за производство на струја.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button