СПОРТ

Македонија против Чешка, борба за третото место

Одбојкарската репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра последниот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Македонија веќе обезбеди пласман во осминафиналето, а вчерва прoтив Чешка ќе се бори за третото место во групата и за малку полесен ривал во нокаут рундата.

Досегашниот тек на Европското првенство, за македнските одбојкари оди според планот. Забележани се две победи, против Данска и Црна Гора и два (очекувани) порази против Полска (фаворит за златниот медал) и Холандија.

Доколку Македонија вечерва ја победи Чешка ќе го освои третото место во групата и во осминафиналето ќе игра против Србија, доколку загуби противник во нокау фазата ќе биде Италија.

Натпреварот Македонија-Чешка, во арената „Борис Трајковски“, вечерва ќе започне во 20 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button