ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија сега не сака да се двои од Албанија кон ЕУ, но порано не беше така

Додека пред извесно време властите во Скопје немаа проблем С. Македонија да почне преговори со ЕУ без Албанија, сега кога во Унијата се шушка дека преговори треба да започнат само со официјална Тирана, државните челници едногласно велат дека одвојувањето на двете држави-кандидати не е добро за регионот. Министерот за надворешни работи Бујар Османи нагласува дека Скопје не сака да ја попречува Албанија во нејзиниот процес на евроинтеграција, но вели дека кога двете земји би оделе заедно, би биле посилни. Преговарачот на Албанија со ЕУ, Зеф Мази на заедничката конференција со Османи во Скопје, ги избегна новинарските прашања. Пред тоа во својот говор рече дека доцнењето во одржувањето на првиот меѓувладин состанок меѓу Брисел, Албанија и С.Македонија ја губи довербата и кредибилитет во Унијата.

„Ние не сме против Албанија да ги започне преговорите и не мислам дека треба да имаме или некогаш сме имале таков став. Патот на Албанија кон ЕУ му помага на регионот, ни помага нам. Она што го велиме е дека Северна Македонија не смее да не започне преговори затоа што ги исполни сите услови.“

„Денес се соочуваме со факт, треба да се избегнува тагата и губењето на довербата или она што се нарекува замор, чекајќи. Всушност, добрите зборови треба да се совпаѓаат со делата. Одложувањето на неодредено време на првата меѓувладина конференција од март 2020 година до јуни, од јуни до декември, од декември до јуни 2021 година го зголемува заморот и донекаде влијае и на довербата.“

Од друга страна, и покрај пораките на бугарските власти дека за С.Македонија ќе биде скоро невозможно да се постигне компромис со техничката влада на Бугарија, Османи верува во решение.

„Треба да работиме за јуни со сите капацитети што ги имаме, да ја мобилизираме целата поддршка што можеме да ја добиеме за јуни оваа година. И токму овие потези, овие состаноци ги правиме за да ја добиеме оваа поддршка. Мислам дека техничката влада може да биде таа што може да донесе решение.“

Сепак, новиот бугарски министер за надворешни работи, Светлан Стоев, изјави дека официјално Софија нема да ја промени својата позицијата во однос на предусловите за старт на пристапните преговори со С. Македонија.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button