ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рама: За Албанците, сонцето изгрева таму каде што заоѓа

Европската унија повторно не го исполни ветувањето, да остане посветена и да биде на вистинската позиција, рече премиерот на Албанија, Еди Рама, додавајќи дека Европа може да одреди датуми, но не и локацијата на Албанија и Северна Македонија кои се наоѓаат во средина на Европа.

„Верувам дека ова е можност да се каже дека што и да се случи или не се случи во Брисел, ние сме многу решени да продолжиме со сите сили да ја обновиме економијата, благосостојбата, гордоста и силата на достоинството на нашите народи. Европската унија може да постави задачи за интеграција, може да постави рокови за овие задачи, може да утврди датуми, но ЕУ не може да ја запостави ниту нашата локација во Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту иднината на нашите народи како Европски народи во европското семејство, во европската држава, со европски политички, институционални, економски стандарди. Албанија го направи својот избор уште од времето на Ѓерѓ Кастриот и го потврди својот избор уште од ерата на националната ренесанса. За Албанците, сонцето изгрева таму каде што заоѓа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button