ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР пензионираше важен началник – дали некому му бил „трн во око“?

Министерството за внатрешни работи, без конкретен одговор, зошто е пензиониран Лазе Велковски – началник на секторот за организиран криминал и корупција? Иако Велковски побарал министерот Оливер Спасовски да му го продолжи работниот век уште пет години согласно Законот за внатрешни работи, одлуката на Министерството е тој да оди во пензија. МВР не одговори зошто не ја зеле предвид изјавата на Велковски дека сака да продолжи да работи. Наместо тоа, полицијата и денеска до медиумите го испрати истиот одговор кој го лиферуваше и вчера.

МВР

„Лазе Велковски не е разрешен, туку го исполни условот за пензионирање – 40 години работен стаж, со што работниот однос му престанува согласно Законот за внатрешни работи.“

На местото на Велковски со времено решение е поставен Ветон Кранлиевски, државен советник во кабинетот на министерот и долгогодишен вработен во МВР.

Алсат праша во Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде што Велковски беше истражител, дали побарале тој да не оди во пензија? Шефицата на ова обвинителство само кусо ни одговори:

„Немам исконтактирано со министерот Оливер Спасовски. Тоа е работа на МВР. Јас не можам да се мешам.“

Според порталот сдк.мк, Велковски во изминатиов период ја работел истрагата против поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, потоа случајот со лажните пасоши, истрагата кој им дојавил на нарко-босовите да избегаат при последната акција на МВР, како и евентуално актуелни истраги против високи раководни структури.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button