МАКЕДОНИЈА

Заев: Прашањата за идентитетот и јазикот никогаш не беа на маса

Идентитетските прашања и македонскиот јазик никогаш не биле на преговарачка маса бидејќи за тие вредности не се преговара, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со албанскиот премиер, Еди Рама во Скопје.

„Секако, никогаш не го отворивме прашањето на нашиот идентитет и на нашиот македонски јазик, заради тоа што ниту бугарската страна не го отвори. Тоа што го очекува цела ЕУ и европските граѓани, вклучително и граѓаните на Бугарија е нашето право на идентитет, драго ми е што тоа не е на маса и нема да дозволиме никогаш да биде на маса затоа што за идентитетот наш, македонски и за македонскиот јазик не се преговара“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button