ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија увезува повеќе водка отколку руски зејтин

Македонија увезува повеќе водка отколку руски зејтин

Доколку на маркетите наидете на масло за јадење по најевтина цена, треба да го разбирате и рускиот јазик. Тоа е затоа што некои производи увезени од руската држава се појавуваат во мрежите на супермаркетите во земјата без превод на декларациите на пакувањето. Граѓаните што ги прашавме рекоа дека е важна најниската цена. Што се однесува до квалитетот и регуларноста на увозот од Агенцијата за храна и ветеринарство, ни рекоа дека нашата земја нема воведено санкции за трговската размена со Русија.

Производи кои неодамна покажаа поголемо внимание во јавноста се сончогледово масло кое доаѓа од Украина и Русија. Немаме никакви ограничувања во трговската размена со Руската Федерација, во овој период продолживме да увезуваме производи од неживотинско потекло, и ние како институција работиме со посебни прописи каде имаме список на производи од која било област, рече Бесник Елези, заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство покажуваат дека доколку продолжи овој увозен тренд, маслото ќе ја надмине и вотката.

 

Агенција за храна и ветеринарство

„Од почетокот на оваа година до денес од Руската Федерација во земјава се реализирани 152 нарачки со прехранбени и материјални производи поврзани со прехранбената индустрија. Најголем број нарачки се конзервирани тегли, а потоа вотка, додатоци во исхраната, сончогледово масло, леќа, ленено семе, чоколадо, чај.

 

Според официјалните информации, ваквиот увоз меѓу двете земји е засилен во последните три месеци по поскапувањето на храната како последица на војната во Украина. Царинската управа информира дека во последните три месеци во нашата земја влегле близу 40 илјади литри сончогледово масло за јадење. Но, вкупниот број на увезени производи од Русија во Македонија за последните три месеци, стигна до 22 милиони литри и килограми на различни производи со над 1 милијарда денари.

 

Царинска управа

количина

 

 

Масло: 39.855 литри

Единици по парчеВкупна парична вредност

 

 

5,865,711

21,992,454.73,671,054.5681.164.131.620 денари

 

Од МНР велат дека нашата земја се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија. Во листата на санкции против Русија според проценките на Европската комисија до крајот на годината,за 92% ќе го намали увозот на нафта и нејзините деривати. Продолжува ембаргото за банкарскиот систем Swift code, забраната за купување луксузни предмети, забраната за јаглен и некои други санкции.

 Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button