ВЕСТИКлиматски ПромениМАКЕДОНИЈА

Македонија влезе во глобалниот систем за предупредување од поплави

Македонија влезе во глобалниот систем за предупредување од поплави

За подобро справување со опасностите од поплави земјава стана дел од системот за брзо предупредување од поплави. Преку него институциите ќе може да добиваат навремени предупредувања за можни поплави што треба да придонесат да се избегнат човечки и материјални штети. Системот прави проценки на врнежите врз основа на радарски, сателитски и хидролошки модели.

„Во последно време Северна Македонија, Србија и регионот имаа брзи поплави. Видовме каква е ситуацијата. Веруваме дека не само овој софтвер, туку можеби ќе ви треба и друга инфраструктура, друга линија на делување за да се прилагодите на климатските промени…“, изјави Јухирин Ким-Светска метеоролошка организација.

Веќе една година нашата земја спроведува оперативно тестирање на системот.

„Во Северна Македонија беше потребно околу една година, бидејќи капацитетите за прогнози во Северна Македонија се многу добри, па лесно го адаптираа овој нов систем што го користеа, всушност тие прават она што ние го нарекуваме тестирање на оперативниот систем“, рече Аиша Сизинток – Американска Агенција за развој.

Ако се спроведе таканаречениот заеднички практичен формат на предупредување и медиумите ќе можат да ја примат пораки и автоматски да ја пренесуваат во јавноста. Најдобриот начин за алармирање се и апликациите на мобилните телефони.

„Со заедничкиот практичен формат на предупредување, предупредувањето автоматски ќе оди на мобилните телефони за да се информираат луѓето. Но, се поставува прашањето што се случува со оние кои немаат мобилни телефони и оние во руралните средини? Треба да се прилагоди начинот на информирање и во тој случај е добро локалните власти да излезат на теренот и да ги предупредат луѓето, да комуницираат со нив“, нагласи Јохан Стендер – Светска метеоролошка организација.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека кај нас најголем проблем се одводните канали.

На меѓународната конференција во Скопје има околу 200 учесници од над 70 земји. Таа се одржува со поддршка на Светската метеоролошка организација.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button