СПОРТФУДБАЛ

Македонската фудбалска репрезентација го одржа вториот тренинг во Амстердам

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, беше отсутен на вториот тренинг во тренинг кампот на Ајакс, а причина е повредата што ја заработи пред мечот со Украина во Букурешт. Стручниот штаб информираше дека Пандев го одиграл натпреварот со Украина со инјекции и дека тоа е вистинската причина за неговото отсуство на последниот тренинг, на кој имало и некои фудбалери, кои со дозвола на селекторот имале полсени тренинзи.

„Македонската фудбалска репрезентација одржува тренинзи во кампот на холандскиот тим Ајакс. Ова е вториот целосен тренинг кој го има на располагање селекторот Игор Ангеловски “.

На вториот тренинг во Амстердам под посебен режим тренираа и Стефан Ристовски, Езџан Алиоски, Аријан Адеми и Дарко Велковски, кои исто така беа меѓу најдобрите фудбалери во двете средби одиграни на „ЕУРО 2020“.

„Сите со нетрпение го очекуваат последниот натпревар во групата Ц, против репрезентацијата на Холандија, која веќе обезбеди пласман во следната рунда“.

Избраниците на Игор Ангеловски, во недела ќе го одржат официјалниот тренинг во Арената „Јохан Кројф“, пред натпреварот со Холандија, на 21 јуни во 18.00 часот. Ова за Македонија ќе биде последен натпревар на „ЕУРО 2020“, откако со победата на Холандија против Австрија со 2-0, „жолто-црвените“ останаа без никаква можност за пласман во втората фаза од „ЕУРО 2020“.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button