СПОРТ

Македонската фудбалска репрезентација, одигра реми против Исланд

Македонија против Исланд ја пропушти можноста да ја забележи третата победа во квалификациите за СП „Катар 2022“, извлекувајќи реми 2:2, иако имаше предност од 0:2 по 75 минути игра. Тренерот Благоја Милевски смета дека резултатот е неправеден, со оглед на играта што ја прикажаа македонските играчи во поголемиот дел од средбата.

Милевски се согласува дека групата „Ј“ е доста тешка и дека секој има сила да ја победи другата репрезентација.

Следниот натпревар на Македонија во квалификациите за СП „Катар 2022“, ќе биде на 8 септември, против Романија, во кој, според селекторот Милевски, ќе игра Бобан Николов, кој отсуствуваше на последните два натпревари, откако беше болен од ковид 19. Ќе се разгледа состојбата на Елмас и Костадинов, кои беа повредени во предизвикот во Рејкјавик. Натпреварот Македонија – Романија ќе се одигра на 8 септември, во 20 часот и 45 минути.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button