ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Максим Димитриевски: „За упис на дете во градинка во Куманово требаат врски“

Максим Димитриевски: „За упис на дете во градинка во Куманово требаат врски“

Во Куманово 196 деца не можат да се вклучат во предучилишниот систем, бидејќи во 8-те објекти на „Ангел Шајче“ нема слободни места, а дури и предвидениот капацитет е надминат. Места има за 1.550 деца, а бројот е 1.604. Некои родители со кои разговаравме надвор од камера велат дека се револтирани што приемот на децата не е според критериумите предвидени со закон, туку врз основа на пријателски „врски“. Директорката Марина Алексовска овие гласини ги нарекува шпекулации. Таа вели дека и покрај големиот број запишани, најчесто третината од нив најчесто отсуствуваат.

Но и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вели дека во градинките уписите се вршат преку врски. Во исто време тој нагласува дека на општината ѝ биле одземени ингеренциите за градинките кога се спротивставила на поставувањето на актуелниот директор, која на оваа функција е речиси две децении.

Изградбата на нови згради ќе почека, бидејќи како што вели Димитриевски, општината мора прво да го реализира генералниот урбанистички план, а за тоа е потребно време. Немаат ни технички можности врз основа на законската рамка, да направат ново планирање за изградба на нови градинки. Тој се жали и на соработката со Министерството за образование за преадаптација на парцелата во основното училиште Бајрам Шабани. Според последниот попис, во оваа општина живеат 98.104 жители, со што Куманово е втор по големина град во државата после Скопје./ Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button