
Малите бизниси се најпогодени од неколкугодишната економска криза која почна со пандемијата, се префрли на енергетиката, а сега продолжува со војната во Украина. Мерките за помош од државата на дел едвај им помогнаа да останат на нозе, но многу фирми беа затворени. До кога ќе трае кризата е неблагодарно да се прогнозира. Во националната каса нема пари за нови пакети помош за граѓаните и фирмите. Ова се темите за кои се зборува во вечерашниот Економски магазин на Алсат во 22 часот.
„Се соочивме со голем број проблеми во делот на одржување на ликвидноста, борба да се задржат вработените во овој две годишен период, одлевање или флуктуација на вработените од еден во друг бизнис заради тешките услови со кои се бореа бизнисите, немање финансии за да исплатат плати“, рече Анита Атанасова извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.