ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Малолетник нападнат и избоден со нож во Тетово

Малолетник на 16 години бил физички нападнат и избоден со нож од група млади лица вчера во Тетово. Настанот се случил  околу 21 часот на улицата „Јане Сандански“.

-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а  едно малолетно лице било   повредено со остар предметСлужби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button