ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МАНУ: Систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја

Претседателството на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) попладнево излезе со соопштение во кое се наведува дека се залага за транспарентно, стручно и целисходно водење на сите реформи на образованието во нашата држава и, притоа, потенцира дека реформите треба да обезбедат:

Advertisements

-систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, укажувајќи на научниот факт дека македонскиот народ зборува на македонски јазик, веќе со векови, на територијата на нашата држава и надвор од неа;
-динамична рамнотежа меѓу математиката, природните и техничките науки, од една страна, и општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредности, од друга страна;
-континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив економски раст на
Македонија.

Целото соопштение е достапно на интернет страната на МАНУ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button