ЕКОНОМИЈА

Од утре нема да функционира онлајн обложувањето

Од утре нема да функционираат онлајн системите за обложување на домашните приредувачи на игри на среќа. Причината е дека истекува владината уредба со која компаниите од овој сектор можеа преку интернет да организираат игри на среќа. Сега од Асоцијацијата на обложувалници бараат под итно да донесе закон кој ќе им овозможи да продолжат да работат онлајн.

„Ако се прекине и не се најде соодветно решение тоа ќе значи дека ќе ја изгубиме довербата кај играчите и ќе ги вратиме повторно на странските сајтови каде што по наши проценки на годишно ниво се губат од 40 до 50 милиони евра кои се посебно важни за одржувањето и отворањето на нови работни места и нови инвестиции. Да не заборавиме дека со носењето на уредбата и нејзина примена се направија големи инвестиции во софтвер, хардвер, човечки ресурси, средства кои сега излегува дека се залудно потрошени“, рече Васко Илиески, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Уредбата беше донесена со цел да се избегнат собирања на граѓаните во обложувалниците. Од министерството за финансии засега не кажуваат како ќе постапат по ова прашање. Барањето од Асоцијацијата на обложувалници велат дека го добиле, но сега е рано да одлучат, кратко ни посочија од ресорното министерство. Дополнително, од Асоцијацијата се сомневаат на селективност во однос на функционирањето на државната Видеолотарија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button