МАКЕДОНИЈА

Невладини: Во прифатните кампови нема ни тестови, ни доктори

Прифатните кампови не кажуваат колку мигранти се заразиле од Ковид – 19. На ова негодува невладината Легис, која прави монторинг во прифатните капови. Алармираат дека на Табановце воопшто нема тестови за вирусот, ниту пак има лекар за мигрантите, додека во кампот Винојуг тестови се прават, но не се знае колку се позитивни.. Навладините алармираат дека има случи кога при криумчарење на мигранти се шири вирусот. Последен случај бил летоска, кога криумчар на 120 мигранти имал Ковид – 19.

„Сите беа вратени назад во Грција без да бидат тестирани дали тие всушност имаат ковид. Тоа е навистина една загриживачка состојба за мигрантите и бегалците коишто биле во контакт со кримчар кој бил позитвен на Ковид“, рече Мерсиха Смаиловиќ, активист.

„Од тоа што го знаеме имаме еден активен случај во Визбегово. Меѓутоа тоа беше во месец ноември. Карантинот завршува за тоа лице. Другите сите се тестирани и се чека нивниот статус“, рече Јасмина Голубовска, НВО „Легис“.

Од невладината „Легис“ велат дека нееднакво се третираат миграНтите во кампот Винојуг кога е во прашање изолацијата. Таа им трае и до 40 дена, бидејќи доцнеле тестовите. Легис забележува дека низ камповите не се почитуваат меѓународните конвенции за човекови права, ниту родовите практки. Жените се придружувани од двајца машки полициацји. Нема профилирање на ранливите категории мигрантите пред нивна депортација. Невладината очекува поголема социјална заштита за мигрантите. За шест месеци во земјава транзитирале повеќе од 11.500 мигранти.

Од нив, најмногу доаѓаат од Пакистан, Авганистан и Бангладеш. Нелегален транспорт на еден мигрант од Грција до Србија низ Македонија чини 1.000 евра. Годинава близу 200 лица побрале азлил во државава, а само едно барање е прифатено. Меѓу барателите на азил се и двајца државјани на Косово..

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button