ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маратонски говори и процедурални забелешки за Законот за државјанство

Пратениците на Левица се решени, тие ќе го блокираат предлог законот за државјанство. Пратеникот Димитар Апасиев за време на денешната расправа во Комисијата за одбрана и безбедност повтори дека предлог законот е штетен и најави дека партијата ќе ги искористи сите механизми, вклучително и долги говори за да го блокира процесот.

По реакцијата на албанските пратеници од опозицијата, претседателот на Комисијата Миле Талевски, во неколку наврати го предупреди пратеникот Апасиев да го заврши говорот бидејќи зборува надвор од темата и амандманот за кој се дискутира, но тој пак одби да престане. Поради тоа, Талевски ја прекина седницата без да одреди датум за нејзино продолжување.

Слично на тоа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжија да користат процедурални говори за одложување на дискусијата за амандманите. Пратеникот Бране Петрушевски рече дека треба да има јавна расправа за усвојување на предлог-законот за државјанство.

„Овие прашања не се решени 30 години бидејќи овој закон е исполитизиран, истото се случува и денеска и вчера. Дозволуваме постојано непотребно да се политизира, нема да добиеме ништо. Нема потреба да се политизира, сите ќе изгубиме. Најмногу ќе изгубат граѓаните на кои им требаме.“

По бројните средби, власта и албанската опозиција се согласија предлог-законот да помине, дополнувајќи го со 10 заеднички амандмани. Дел од нив се однесуваат на скратувањето на рокот за добивање државјанство, доставувањето документ со кој се докажува дека лицето престојувало во Македонија и обврската на тајните служби да му одговорат на барателот на државјанството за шест месеци.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button