Маричиќ од Париз: Потребни се силно лидерство и политичка одлука од Европа за Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествува на регионалниот настан во рамки на иницијативата „Балкански дијалози“ во организација на францускиот Сенат, на која потенцираше дека оваа година е клучна за дефинирањето на политиката за проширување, од која регионот очекува придвижување на процесот на евроинтеграции и потврдување на неговата европска иднина.
– Ако Унијата не одговори на овој повик и Северна Македонија и Албанија не добијат датум за почеток на преговорите, тогаш цел Западен Балкан се остава на страна, без јасна перспектива и со можност за други надворешни влијанија, посочи Маричиќ.
Според Маричиќ тоа не е во интерес на проевропските влади, како нашата, туку тоа е во полза на оние кои го негуваат рускиот наратив дека ЕУ е неуспешна приказна и истакна дека одолговлекувањето и одложувањето на одлуките не дадоа ништо позитивно и дека веќе неодложно е обединувањето на Западен Балкан со ЕУ.