ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Маричиќ: Секоја институција има обврска да штеди струја

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска рече дека секоја институција, согласно донесената владина одлука, има обврска да штеди струја.

Advertisements

Со мерките што се објавени и кои им наметнуваат обврска на институциите, оцени Маричиќ, ќе се постигне поголема рационалност и во трошењето на јавните средства, но и во трошењето на електричната енергија како ресурс.

„Секоја институција има обврска да штеди струја. Таа обврска им е дадена на сите што водиме институции максимално да рационализираме. Цените се качуваат и тоа сите го чувствуваме. Со мерките што се објавени ќе постигнеме поголема рационалност и во трошењето на јавните средства, но и во трошењето на електричната енергија како ресурс. Сериозно ги прифативме владините одлуки и секоја институција има обврска да работи на максимална рационализација“, изјави Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button