ВЕСТИСВЕТ

Мас: Германија нема да го смени ставот за „Северен тек 2“

Берлин не планира да се повлече во спорот со САД околу гасоводот „Северен тек 2“, изјави за ДПА германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

„Не треба да зборуваме за европски суверенитет, ако тоа значи дека сè што правиме во иднина ќе биде како што тоа го сака Вашингтон“, рече Мас.

Претходно, конзорциумот „Северен тек 2“ предводен од Русија соопшти дека заврши со поставување цевки за проектот во германските води, финализирајќи ги работите на дел од гасоводот во должина од 2,6 километри, кој беше закочен од заканата од санкции на САД.

„Германската влада нема да го смени ставот за „Северен тек 2“. Важно е дека сме во согласност со централните стратешки и геополитички прашања, дека сме на иста страна“, рече Мас во пресрет на 20 јануари, кога Џо Бајден ќе ја преземе функцијата од американскиот претседател од Доналд Трамп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button