ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маските ќе биде задолжителни и на отворено, бројот на гости во семејствата ќе биде ограничен

Новите мерки, мора да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести

Владата одлучи носењето маска да биде задолжително и во затворени простории и на отворено. Оваа одлука на владата се заснова на практиките на земјите од регионот и пошироко. Исто така е забрането да се собираат повеќе од 4 лица на јавни места по 22:00 часот и се забранува повеќе од четири гости на семејни прослави.

Влада:

“Задолжително носење маски на отворени и затворени простори, Се забранува собирање на повеќе од 4 лица на јавни простории по 22:00 часот. Се забрануваат повеќе од 4 гости на семејни забави.

Маските нема да бидат задолжителни за возачите кои се сами во автомобил и со членови на семејството, како и за деца до 6 години. Нема да има потреба од маски и во угостителките објекти, но треба да се одржува растојание и редовно да се дезинфицира просторот.

За спроведување на овие мерки, Владата заклучи дека се потребни изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, постапка со која се отвора патот Владата да донесе правни акти со итно спроведување. Владата не соопштува кога предложените измени ќе бидат доставени до Собранието. Во меѓувреме, властите апелираа до граѓаните да бидат внимателни кога патуваат во странство, поради ризик од пандемијата. Во Комисијата било разговарано и за потребата од кампања што ќе ги потсетува граѓаните дека  треба да патуваат во други држави само доколку тоа е неопходно, особено по вчерашниот прилив на патници на граничните премини со Косово и Србија.  И покрај регионалната иницијатива, Босна, Црна Гора и Србија не го укинаа условот за негативен ПЦР тест, а српските власти дури го ограничија времето за тестирање од 72 на 48 часа. Српската влада не најавува нова одлука, особено не оваа недела.

Адријан Ќерими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button