РЕГИОНСВЕТ

Многу држави преземаа дополнителни мерки за заштита од пандемијата

Многу држави ги засилуваат мерките поради зголемениот број на луѓе погодени од КОВИД-19. Високите бројки во последните денови во Албанија ги натераа властите да ги зголемат ограничувањата. Албанскиот премиер Еди Рама најави дека од следната недела, односно четврток, носењето маска ќе биде задолжително во секој амбиент, без оглед дали е затворен или отворен. Рама дури најави дека казните за неносење маска ќе бидат наплатувани заедно со сметката за струја.

„Казните ќе се применуваат во реално време, нема да има можност да се избегнат, ќе ги вметнеме во  сметката за електрична енергија. Да соберме сите памет, вклучувајќи ме и мене, маска насекаде освен дома -рече Еди Рама, Премиер на Албанија.

Пред неколку дена, Владата на Косово донесе мерка со која маската е задолжителна насекаде надвор од домот, исто така и јавните и приватните институции се должни да имаат средства за дезинфекција на раце и маски на пристапни места, во спротивно за сите прекршители ќе  бидат изречени казнени мерки во согласност со законот. Бројот на луѓе погодени од вирусот Корона е зголемен на глобално ниво. Светската здравствена организација објави дека во рок од 24 часа се регистрирани 350.766 нови случаи. Во светот од почетокот на пандемијата повеќе од 1 милион луѓе починаа и над 36,8 милиони луѓе се заразени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button