МАКЕДОНИЈА

Царовска- има можност за санкции за оние кои не ја почитуваат одлуката за онлајн настава

Во однос на најавата на директорот на едно средно училиште во Дебар дека ќе организира настава со физичко присуство, иако не доби одобрение за тоа и дали има начини за санкционирање за оние кои нема да ги почитуваат одлуките, Царовска вели дека можности за санкционирање согласно законот постојат.

„Секако можности за санкционирање постојат согласно законот. Одлуките на Владата се јасни и тие мора да се почитуваат затоа што се во интерес на јавното здравје на населението. Јас разговарав со градоначалникот, тоа е поедин став на директорот, градоначалникот потврдува дека прием на ученици со физичко присуство во таа гимназија нема да се случи, туку дека ќе се почитува одлуката на Владата“, рече Царовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button