Масовната миграција ги испразни селата во Липково
Масовната миграција ги испразни селата во Липково
Празни улици, големи куќи, но со затворени врати и кепенци, постари жители исполнети со тага.
Ваква е атмосферата во селото Отља во Општина Липково, по заминувањето на печалбарите.
Жителите велат дека со нивното заминување, печалбарите ја носат со себе живоста и радоста на селото, оставајќи го местото пусто и во беда.
“Задоволство е кога доаѓаат, кога заминуваат сме тажни. Селото се празни, нема младост, нема движење, нема фреквентност… 0тља има околу 900 семејства, мислам дека половина се со печалбари…. Пред многу години, 2003-2007 година, во времето кога бев директор, Отља имаше 560 ученици, сега слушам, околу 200 и нешто, односно за 17 години, бројот е намален за повеќе од 300“, рече еден граѓанин.
Во многу куќи, масата е поставена само за двајца возрасни луѓе. Тешко им е да прифатат дека нивните внуци и правнуци растат далеку од нив.
“Имам два сина, еден во Германија, еден во Белгија…”
Имате ли деца тука?
– Не само јас и мојата сопруга… кога доаѓаат добро, кога одат, воопшто не сме добро, сме останале само јас и мојата сопруга сами… Многу лошо, но што да се прави, времето дојде вака, сите млади заминаа, сме останале само стари луѓе“.
“Синот на брат ми е во Швајцарија, две ќерки имам една во Белгија и една во Словенија… Утрово пристигна девојката од Словенија, многу сме среќни, но кога одат многу е тешко“, изјави еден граѓанин.
Како што доаѓаат, така и си одат….Речиси сите ми се во станство.
Селото Отља е само едно од селата во Липковскиот регион кое доживува големи промени во овој период од годината. Липково е регионот со најголем број граѓани кои емигрирале во странство. Меѓу главните причини за нивното заминување се немањето на перспектива и нискиот економски стандард.