ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Игралиштето изградено со пари од УЕФА, оставено во заборав

Игралиштето изградено со пари од УЕФА, оставено во заборав

Инвестирани 400.000 евра, пари добиени од УЕФА завршија на поле полно со трње и кал. Стадионот во Велес, кој беше проект на УЕФА, заврши во мизерна состојба. Луѓето велат дека од изградбата, ова спортско игралиште е оставено во заборав. Постои големо сомневање за сторени злоупотреби.

„За овој стадион во Велес беа потрошени околу 400 илјади евра, но младите кои требаше да го користат за спорт, овој стадион може да го видат само од овој дел тука“.

Стадионот однадвор е опкружен со ограда,така што не може да се види обрасната трева.. Млад спортист кој трчаше во близина сведочи дека стадионот е во оваа состојба повеќе од пет години.

Иако надлежните велат дека до пред една година се одржувал, граѓаните на Велес и жителите на околината велат дека овој стадион е во оваа состојба уште од изградбата. Состојбата на стадионот го отвора и прашањето дали парите добиени од УЕФА се вистински вложени и  потрошени за стадионот. Властите велат дека постојат основани сомневање за сторени кривични дела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button