ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матурските прослави го зголемуваат бројот на сообраќајни несреќи

На матурска прослава без автомобил – ова е пораката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во пресрет на матурските прослави. Оттаму велат дека загрижува начинот на кој се одбележуваат матурските забави – со организирани автомобилски трки, управување на моторни возила без возачки дозволи, се вози над дозволеното на улиците и тоа се снима и се постира на социјалните мрежи.

Advertisements

„Сообраќајната статистика и искуствата од минатите години покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди“, порачаа од РСБСП.

Голем дел од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот. Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители, наведуваат од сообраќајниот совет.

И од МВР апелираат до родителите во овој период на прослави да не им ги отстапуваат автомобилите на своите деца, ниту пак да дозволат тие да бидат возени од нивни врсници. Од МВР најавуваат засилени контроли, особено за сообраќајните прекршоци за возење под дејство на алкохол.

„Особено оваа порака сега е упатена до тинејџерите до матурантите кои ги организираат тие матурски прослави и особено пораката е до нивните родители. Не им ги давајте автомобилите на своите деца. Постои такси возило, однесете ги вие и вратете ги од забавата, забавата да биде убава и на крајот да бидеме сите безбедни“, рече Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека сообраќајните незгоди се една од главните причини за смртност кај младите. Годишно во светот околу 400 илјади млади лица го губат животот во сообраќајни несреќи. Генерално, трендот на намалување на жртви во сообраќајот се намалува во споредба со минатите години. Сепак, анализите на МВР на годишно ниво покажуваат дека во месеците јули и август е најголем бројот на загинати учесници во сообраќајот на македонските патишта.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button