РЕГИОН

Маж се разнесе со бомба на железничка станица во Чачак

Утрово, околу 08:45 часот, на железничката станица во Чачак се случила несреќа во која непознато лице се разнело со бомба.

Advertisements

Според информациите што ги пренесува дописникот на Танјуг, полициски и екипи на итната помош веднаш излегле на терен, но лицето веќе било починато.

Во моментот кога се случила несреќата, на пероните на Железничката станица имало и други патници, нo никој не е повреден.

Во информациите кои ги пренесуваат српските медиуми, а кои се од очевидци, се вели дека станува збор за помлад маж кој седел на една од клупите на перонот. Бомбата ја активирал откако го одминале еден патнички и еден товарен воз, најверојатно не сакајќи никого друг да повреди. Според кажувањата на очевидци, лицето седело на клупа која била одвоена од останатите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button